Санкционирани 310 возачи во Скопје, од кои 106 за пречекорена брзина

Скопската полиција во текот на изминатото деноноќие изречила 310 казни во сообраќаајот.

За возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 106 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 17, 12 санкционирани мотоциклисти, 81 меркa за непрописно паркирање, а изречени се 37 казни за неносење на заштитна маска.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.