Казнети 852 граѓани зa не носење маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата полициски службеници изрекле 852 казни за неносење лична заштита на лице, информира Министерството за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19, се додава во соопштението на МВР.