
Министерството за здравство ги демантира информациите кои неколку медиуми ги имаат објавено, а се поврзани со наводни нови рестриктивни мерки. До овој момент, велат од МЗ, нема никаква одлука за нови рестриктивни мерки.
-Викендов ќе се направи детална анализа на епидемиолошките податоци од прашалниците. Врз основа на направената анализа ќе се заземе став дали се потребни мерки и следни чекори кои ќе бидат препорачани до Владата. По завршувањето на анализата со епидемиолошката состојба, јавноста ќе биде навремено информирана, велат од МЗ.