
Европарламентарците од Словенија остро реагираа на навредата без преседан на чешкиот пратеник во Европскиот парламент и поранешни министер Александр Вондра кој Словенците ги нарече „опортунистички свињи“, незадоволен од судењето на словенечкиот фудбалски арбитар Дамир Скомина на мечот меѓу Славија од Прага и данскиот ФК Мидтјуланд.
„Вашите безобразни зборови на Twitter по мечот се подли и понижувачки. Со нив не ги навредивте само Словенците, туку и Чесите кои верувам се срамат од тоа. Се надеваме дека ќе се замислите над нив и ќе се извините за непотребното ширење омраза. Со тоа би ја спасиле честа на својот народ кој заслужува подобра репрезентираноста во Европскиот параламент отколку што е вашата“, напишаа во заедничкото писмо словенечките европратеници, предупредувајќи и на блиските и пријателски односи меѓу Чесите и Словенците низ историјата и културната блискост на двата народа.
Протестното писмо освен до Вондра, го доставиле и до претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, како и до челниците на политичките групации на Европските конзервативци и реформисти (ECR), чиј член е поранешниот чешки вицепремиер Вондра.
Дополнително писмо на Сасоли му упатила и словенечката европратеничка Тања Фајон, и го повикала скандалот кој го предизвикал Вондра да го проучи и да донесе „соодветни санкции“, пренесуваат во саботата словенечките медиуми.
Повод за истапот на чешкиот политичар и поранешен министер за одбрана беше контроверзното судење на словенечкиот судија Скомина кој против прашка Славија по интервенција на ВАР-от го повтори пеналот за данската екипа, па таа во продолжените со 4:1 направи пресврт на резултатот и се пласираше во Лигата на шампионите.
Огорчениот Вондра, кој е навивач на Славија, на Twitter по мечот напиша дека ги „уништил словенечкиот судија“ кој ниту ја прегледал снимката од спорната ситуација, туку ја признал процената на ВАР-от, според која голманот на прашкиот тим при изведување на пеналот се движел од гол-линијата и одреди да се повтори казнениот удар.
„Секогаш зборував дека Словенците може да бидат опортунистички свињи. Погледајте, на пример, како се однесуваат кон туристите кои минуваат низ нивната земја до Хрватска. Тоа го потврдија и денеска“, напиша Вондра, кој е очигледно страстен навивал на чешкиот клуб, очигледно фудбалската спорна ситуација претворајќи ја во политички меѓудржавен скандал.