Шефот на персоналот на Белата куќа, Марк Медоуз, потврди дека состојбата на американскиот претстедател Доналд Трамп се влошила во петокот вечерта, откако кај него беше дијагностицирана инфекција со новиот коронавирус.
„Ние бевме многу загрижени. Тој имаше треска и нивото на кислород во крвта остро му падна. Но во неговиот типичен стил, претседателот бепше на нозе и шеташе.“, го цитира Медоуз телевизиската мрежа Fox News.
Медоуз истакнал дека од тогаш кај претседателот Трамп имало „неверојатни подобрувања“, треската му минала, а нивото на кислород во крвта се зголемило.
„Ова можам да ви го кажам, најважно е што сега нема грозница и дека претседателот навистина е добро кога станува збор за заситеноста на крвта со кислород. Од вчера наутро неверојтно закрепна, особено кога знае дека голем број луѓе, вклучително и мене и лекарите, силно се загрижика“, додаде Медоуз во саботата ноќта.
Претставниците на Белата куќа, вклучително и Медоуз, во петокот велеа дека претседателот има „благи симтоми“ и дека продолжува да работи. Меѓутоа, лекарите во воената болница „Влатер Рид“ и од болницата „Џонс Хопкинс“ препорачале претседателот да биде префрлен во болница.
Шефот на администрацијата на Белата куќа, исто така, истакнал дека е голем оптимист врз основа на моменталните резултати на Трамп. Покрај тоа, според него, американскиот претседател „продолжува да работи и сѐ уште верува дека мора да направи низа работи за американскиот народ“.
Медоуз всушност ги потврди претходните извештаи на медиумите, кои се повикуваа на извори од или блиски на Белата куќа, според кои во петокот вечерта здравствената состојба на претседателот Доналд Трамп предизвикала голема загриженост кај неговите соработнции, поради што во петокот ноќта тој беше префрлен во воениот медицински центар „Волтер Рид“ во сојузната држава Мериленд.
Агенцијата The Associated Press во саботата објави повикувајќи се на неименуван извор од Белата куќа дека виталните знаци на Трамп биле „многу загрижувачки“ во изминатите 24 часа, но оти се подобриле откако бил примен во воената болница во Мериленд. Во петокот вчерта таблоидот Vanity Fair повикувајќи се на „двајца републиканците кои се во близок контакт со Белата куќа“ објави дека здравствената состојба на американскиот претседател Доналд Трамп се влошила и кај него се појавиле кашлица и треска. На Трамп во петокот во Белата куќа му било даван кислород сѐ додека не бил хоспитализиран, објави во саботата трлевизијата ABC News повикувајќи се на неименуван извор близок на америакнскиот претседател.
Трамп: Морам да се вратам, сѐ уште треба да ја правиме Америка повторни голема
Американскиот претседател во видео објавата на Twitter од саботата рече дека кога бил пренесен во болницата „не се чувствувал многу добро“, но оти неговата состојба сега е значително подобрена.
„Кога пристигнав тука, не се чувствував многу добро. Сега се чувствувам многу подобро“, вели Трамп.
„Мислам дека наскоро ќе се вратам. Морам да се вратам, бидејќи сѐ уште треба да ја направиме Америка повторно голема“, вели Трамп алудирајќи на еден од неговите главни во предизборната кампања за претседателските избори на 3-ти ноември.
Трамп повтори дека „се чувстува многу добро“, како и дека следните неколку денови ќе претставуваат „вистински тест“. Според лекарите на Белата куќа, американскиот претседател е под терапија со антивирусниот лек „ремдесивир“ и се третира со коктел од антитела.
„Почнувам да се чувствувам добр, не знаеме што ќе се случи во следните неколку дена, верувам дека ова е вистински тест, така што ќе видиме што ќе се случи следните неколку дена (…) Со нетрпение го очекувам крајот на изборната кампања во форматот во која започна“, вели 74-годишниот претседател кој се кандидираше за вториот мандат.
Трамп, исто така, рече дека првата дама Меланија добро закрепнува. Посочи дека лидерот „мора да ги решава проблемите“. „Имаме намера да го победиме овој коронавирус“, истакнува станарот на Белата куќа.
Коронавирусот се шири кај републиканците
Во петокот американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на коронавирусот. Во петокот ноќта, претседателот беше примен во болницата на американската воена морнарица на периферијата на Вашингтон. За неговото лекување се користат два експериментални препарата: ремдисивир и коктел со антитела. Личниот лекар на претседателот, Шон Конли, истакна дека лекарите се „претпазливи оптимисти“ за состојбата на Трамп.
Американскиот претседател мораше да ја прекине изборната кампања, во која и покрај критиките преферираше директни масовни средби со своите приврзаници на кои често не се почитуваа проиписите за носење маски и одржување на растојанието на учесниците. Сите настани со учество на Трамп се откажани, а дел се префрлени во онлајн формат.
Американската телевизиска мрежа ABC News, повикувајќи се на свои извори, објави дека личниот асистент на претседателот Трамп, Ник Луна, исто така се заразил со короанвирусот.
Последните денови коронавирусот е дијагностициран и кај поранешен советник на Трамп, Келијан Конвеј, кај тројца сенатори републиканци, кај претседателката на Националниот комитет на Републиканската партија, Рона Мекданиел, менаџерот на кампата на претседателот Вилијам Степин, како и кај тројца новинари акредитирани во Белата куќа.