
Кочани е најголемото корона-жариште на Истокот, но градоначалникот си отворил кафуле, па заедно со Зоран Заев и со Венко Филипче организирале забава, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, објави Вечер.
Според Милошоски, синоќа, кога дневната бројка на новозаразени беше 243, а само во Кочани во изминатото деноноќие регистрирани се 11 нови случаи и во градот има вкупно 183 заболени, премиерот и министерот за здравство биле на отворање на кафуле на кочанскиот градоначалник Николчо Илијев .