Тројца починаа и 191 новозаболен од ковид-19

Во последните 24 часа се направени 1350 тестирања, а регистрирани се 191 нови случаи на ковид-19. Во Скопје новозаразени се 96, Куманово 4, Штип 5, Прилеп 13, Тетово 15, Велес 1, Битола 3, Кавадарци 1, Гостивар 4, Гевгелија 4, Струмица 5, Крива Паланка 2, Радовиш 2, Кочани 15, Пехчево 1, Берово 4, Валандово 2, Виница 5, Делчево 2, Свети Николе 2, Кичево 2, Ресен 2 и еден во Неготино, информира Министерството за здравство.

Починати се тројца, 81-годишен скопјанец, пациент од Кичево на 67 години и 77-годишен стружанец, сите во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 77 оздравени пациенти. Од Скопје 19, Куманово 9, Штип 3, Тетово 3, Струга 6, Охрид 5, Кавадарци 3, Гостивар 2, Гевгелија 2, Струмица 2, Кочани 14, по еден во Пробиштип, Македонски Брод, Пехчево, Делчево и Свети Николе и по двајца во Берово и во Валандово.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.790, бројката на оздравени пациенти е 15.341, на починати е 756, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.693. Денес се евидентираат три контролни теста.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се едно дете и една мајка позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се тројца  пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 10, а во болницата во Штип се 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга се хоспитализирани 185, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Според завршените епидемиолошки анализи, денеска состојбата по градови е следна:

• Скопје 7386, активни 966

• Куманово 1799, активни 181

• Дебар 287, активни 32

• Штип 1280, активни 62

• Прилеп 722, активни 147

• Тетово 1487, активни 161

• Струга 685, активни 43

• Велес 338, активни 32

• Битола 331, активни 76

• Охрид 437, активни 32

• Кавадарци 252, активни 47

• Гостивар 947, активни 84

• Гевгелија 139, активни 47 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 19 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 298, активни 181

• Крива Паланка 124, активни 38

• Радовиш 101, активни 37

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 417, активни 183

• Пробиштип 117, активни 19

• Демир Хисар 62, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 5

• Пехчево 46, активни 4

• Берово 126, активни 48

• Валандово 46, активни 31

• Виница 124, активни 35

• Делчево 169, активни 84 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 26, активни 2

• Свети Николе 373, активни 59

• Кичево 334, активни 35

• Ресен 166, активни 8

• Неготино 58, активни 11 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)