
Понеделник 12 октомври ќе биде неработен ден за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Ова произлегува од празничниот ден кој му претходи односно Денот на народното востание.
„Согласно со Законот за празниците, 11 октомври 2020 година (недела), Денот на народното востание, е државен празник. Понеделник, 12 октомври е неработен ден за сите граѓани, стои во соопштението.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на народното востание.
Дополнително, тие денови се и меѓу деновите кои ќе потпаднат под таканаречениот Викенд без ДДВ. На 10, 11 и 12 октомври за се што ќе потрошите на македонски производи и на ИТ опрема ќе ви биде вратен ДДВ.