
Црниот американски актер Томас Џеферсон Бирд, кој глумеше во многу филмови кои ги режираше култниот Спајк Ли, убиен е од огнено оружје викендов во Атланта.
Полицијата во саботата утрото го нашла телото на 70-годишниот актер со неколку куршуми во грбот, соопшти во понеделникот полицискиот портпарол. Лекарите повикани на местото на злосторството можеле само да потврдат смрт.
Истрагата за убиството е во тек, а полицијата засега нема осомничени и приведени.
Актер со големо театарско искуство, Томас Џеферсон Бирд дури во 45-та година од животот се појави на филмот кога Спајк Ли му ја понуди споредната улога во филмот „Clockers“ (Ситни дилери).
Успеа да се наметно со својата глума и атипичен изглед во светот на Спајк Ли, а потоа започнаа да го ангажираа и други режисери.
Продолжи да учествува во проектите на црниот њујоршки режисер како во филмот „Chi-Raq“ од 2015-та и до неадамна во серијата „She’s Gotta Have It“ која се емитуваше од 2017 до 2019 година.
„Том е мој пријател“ напиша Спајк Ли во неделата на Instagram и додаде дека е „многу тажен“.