Мицкоски – Техада: Со СДСМ секој нов ден е црн за Македонија, неспособност на власта да се справи со здравствената и економска криза

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со членот на Извршниот Комитет, Стефан Андоновски денеска се сретнаа со швајцарската амбасадорка во Македонија, Сибил Сутер Техада.

-На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, но и здравствените предизвици предизвикани од пандемијата предизвикана од Ковид-19. Од страна на претседателот Мицкоски на средбата беше потенцирано дека власта нема капацитет и не знае како да се справи со пандемијата, а поради тоа Македонија секој ден бележи нови црни денови и стана лидер по морталитет на милион жители во регионот, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Лидерот Мицкоски истакнал дека Владата предводена од СДСМ нема способност ниту план да се справи со економската криза, а како резултат на тоа над илјадници граѓани ги губат работните места, бизнисите се затвораат, а нови инвестиции нема ниту на повидок.

-Мицкоски укажа и на извештајот на Европската Комисија во кој се нотирани слабостите, но и злоупотребите на механизмите и институциите од страна на власта. Беше посочено дека ЕК забележува дека власта не се справува со корупцијата која е навлезена во секоја пора од општеството. Мицкоски нагласи дека во земјава а нарушено владеењето на правото, се злоупотребува европското знаменце како на пример за законот за марихуана, додека криминалот и немањето на одговорност за застапени како никогаш досега.
На средбата од страна на Мицкоски беше потенцирано дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има идеи и мерки како Македонија да се справи со здравствената и економска криза, но и останатите предизвици кои не очекуваат периодов. Мицкоски додаде дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и конкретни и можат Македонија да ја вратат на вистинскиот пат, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.