
Македонските компани, кои одвај врзуваат крај со крај под ударот на кризата предизвикана од пандемијата и со недоволна помош од државата, ќе бидат оставени да пропаднат, изјави премиерот Зоран Заев во дебнатната емисија „Економски магазин“ на Алсат телевизија.
„Се работи за една комплексна насоченост на владата со јасна визија што сака да постигне. Прво мора да знаат компаниите кои животарат, ќе ги оставиме да пропаднат“, рече премиерот Зоран Заев објаснувајќи го планот на владата
Според него, ваквото решение е затоа што тоа „не било одржливо ниту во Европа“, ниту на други места, туку целиот капацитет ќе бидл насоќен на ткн „локомитивите општествата.
Заев во гостувањето во емисијата „Економски магазин“ вечерва на ТВ Алсат, најави дебата за доста жешки економски теми во општеството. Тој спомена дека не е лошо да почне да се разговара за приватизација на државното земјоделско земјиште, за декриминализација на марихуаната, на црните пари кои се чуваат надвор од легалните финансиски текови, но и на возилата со странски регистарски таблички.