
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во источните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен долж Повардарието.
Утринската температура се движат во интервал од 6 до 15, а дневната температура од 17 до 24 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура е околу 14, а дневната ќе достигне 22 степени.
До понеделник следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури кои во сабота и недела понекаде ќе бидат на неколку степени над нулата. Дневните температури ќе бидат во пораст