За продолжениот викенд ќе биде затворена крстосницата кај Собрание

Почнувајќи од утре (10.10.2020 година, сабота) во 6 часот, па се до понеделник (12.10.2020 година) во попладневните часови, целосно затворена за сообраќај ќе биде крстосницата меѓу улиците 11 Октомври и Даме Груев, поради изведување градежни работи, соопшти Град Скопје.

За сообраќај ќе бидат слободни само десното вртење од улицата Даме Груев кон улицата 11 Октомври и десното вртење од улицата Филип Втори Македонски кон улицата Димитрие Чуповски.

Автобускиот превоз ќе се движи по улиците Даме Груев и Филип Втори Македонски.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воведениот режим на сообраќај и поставената патна сигнализација.