Одбележување на празникот „11 Октомври“ според здравствените протоколи

Организираното востание на народот во Македонија против фашистичкиот окупатор започна вечерта на 11 октомври 1941 година кога Првиот прилепски партизански одред го нападна бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во градот. Следниот ден со вооружена акција се огласи и Кумановскиот партизански одред.
Под слоганот „Честит 11 Октомври! Секогаш слободни!” денеска во државата со повеќе свечености ќе биде одбележан на 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ.

Организираното востание на народот во Македонија против фашистичкиот окупатор започна вечерта на 11 октомври 1941 година кога Првиот прилепски партизански одред го нападна бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во градот. Следниот ден со вооружена акција се огласи и Кумановскиот партизански одред.

Со борбата за слобода и независна држава во Втората светска војна Македонија се вброи во земјите на антифашистичката коалиција која го порази фашизмот. Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана војска која броше околу 110 илјади војници со воени формации од виок ранг како корпуси и дивизии.

Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

По повод празникот денеска се организираат неколку свечености во организација на Владата, Собранието и општинските органи.

Свеченостите ќе се одржат во посебни услови согласно протоколот за одбележување државни празници на Комисијата за заштита од заразни болести односно без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на здравствените протоколи – обезбедена дистанца и заштита.

Претседателот на Владата Зоран Заев ќе се обрати на свеченото одбележување во Куманово, кое ќе започне со положување цвеќе пред Спомен – Костурницата. Во делегацијата ќе бидат и министрите Спасовски, Шахпаска, Бочварски и Нуредини.
Во Прилеп делегацијата ќе ја предводи вицепремиерот Никола Димитров, а цвеќе на Могилата на непобедените како и на спомениците на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифовски-Питу и Жена борец ќе положат и министрите Османи и Царовска.

Венци цвеќе, пред Споменикот на борците, кои паднаа за ослободување на Скопје, ќе положи владина делегација предводена од првиот заменик-претседател на Владата Артан Груби, а во состав на делегацијата ќе бидат министрите Шекеринска, Маричиќ и Филипче.

По повод државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание и собраниски и општински делегации ќе положат цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово.