
Периодот во кој преку банкнотите и паметните телефони може да се пренесува Covid-19 зависи од дозата на вирусот, присуството на ултравиолетовото зрачење и крактеристиките на околината, но тоа е обично само неколку дена, вели за агенцијата РИА рускиот доктор по медицински науки вирологот Анатолиј Алтштејн.
Неговиот коментар е во врска со претходно објавената студија во стучното списание Virology Journal, спроведено од австралискиот Центар за подготвеност на болести, според кој хартиените парти, екраните на допир, металните рачки…, можат да го пренесуваат коронавирусот SARS-CoV-2 во текот на еден месец.
„Мора да се има предвид дека резултатите од оваа оцена за различни луѓе се многу различни. Резултатите зависат, првенствено, од дозата на вирусот којашто е нанесена (на површината). Колку поголемо количество (на вирусот) е нанесено, толку подолго ќе го откривате вирусот. Покрај тоа, зависи, дали тоа е правено во темница или на светло. На светлина, вирусот ќе биде многу непостојан, бидејќи е чувствителен на ултравиолетовата светлина. Покрај тоа, исто така, важно е во какво опкружување тоа се прави“, коментира Алтштејн.
Во секој случај, според научникот, споменатите резулатите од австралиската студија сепак треба да се имаат предвид.
„Веќе по неколку дена, како по правило, дозата (на вирусот) не е многу голема и не претставува закана. Но треба да ги пребришете површините, да ги пребришете телефоните. Со парите, се разбира, тоа е најтешко да се стори“, истакнува Алтштејн.