
Жена на 54-годишна возраст е првото лице во Мексико кое истовремено е заразено со Covdi-19 и со грипот А (H1N1), соопштија во неделата тамошните здравствени власти.
Мексиканката „боледува од автоимуни болести, рак и гојазност, со хронична болест на белите дробови“, соопшти Хозе Луис Аломиа, директор на епидемиолошката служба во министерството за здравство на редовната прес-конференција.
Пациентката кон крајот на септември имала симптоми поради кои била хоспитализирана. Лекарите велат дека нејзината состојба е стабилна.
Мексико е четвртата земја во светот која е најтешко погодена во пандемијата на коронавирусот. Досега, според најновите официјални податоци, потврдени се 817.503 случаи на заразата, од кои 83.781 биле со смртен исход.