Ребалансот на буџетот во четврток на собраниска комисија, но тешко до мнозинство

нбрм

Усвојувањето на ребалансот на буџетот на стаклени нозе во Собранието. Четвртиот сет економски мерки ќе се реализира само по обезбедување на мозинство гласови во Собранието. По двајцата пратеници од власта заразени со Ковид-19 носењето на законите сега ќе зависи од поддршката на опозицијата. Од пратеничкта група на СДСМ велат дека мора да се бараат алтернативни начини, односно Собранието да функционира од далечнина.

„Недонесувањето на ребалансот со сигурност ќе ги загрози економските мерки предвидени од Владата.Со оглед и на заразените пратеници, мора да најдеме алтернативни начини, работа од далечнина за Собранието да може да ги извршуваат своите функции. Се надевам дека и покрај јавните изјави на опозицијата ќе обезбедиме консензус за ова прашање“, рече Јован Митрески- Кординатор на пратеничка група на СДСМ за Алсат-М.

Од опозициската ВМРО -ДПМНЕ велат дека ќе дадат зелено светло на ребалансот доколку нивните забелешки бидат прифатени.

„Она што ВМРО- ДПМНЕ може да го каже е доколку биде консултирано, доколу забелешките во законските решнија бидат преточени во тие закони, и се однесуваат во подобрување на економијата и во насока на спречување или намалување на падемијата ВМРО- ДПМНЕ е спремно да учествува во истото изгласување“, рече Никола Мицевски- Координатор на пратеничка група на ВМРО- ДПМНЕ.

Алијанса за Албанците и Алтернатива се против работење на Собранието од далечина, а за ребалансот треба допрва да се дебатира на комисијата.

„Не треба да се разговара воопшто за алтернативно работење на Собранието. Во однос на ребалансот на буџетот треба да ги поминеме комисиските дебати да ги видиме конкретните предлози на Владата и ние како опозиција ќе интервенираме со амандмани и ќе ја видиме квалитетната димензија на ребалансот. Не можеме сега да кажеме дали го прифакаме или не“, рече Елми Азири- Пратеник Алијанса за Албанците.

Предлог ребалансот на буџетот ќе се најде пред пратениците во четврток на комисијата за финансирање и буџет, каде ќе се разгледува цели 10 дена. По ова за него треба да се гласа во Собранието. За да биде изгласан потребни се 61 пратеник.