
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), ја осудуваат непримерната јавна комуникација со обид за дискредитација, проследена со закани со тужба, кон нашите колеги од онлајн медиумот „А1он“ од страна на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.
Во соопштението потпишано од Димова и Зоран Златковски, управител на „В.Е.З. Трејд“, објавено како реакција на текстот објавен од „А1он“ со наслов „Скопска фризерница добила над 270.000 евра европски пари за едукација“, има тенденција за дискредитирање на авторот на текстот, како и обиди за утврдување и оценување на новинарските стандарди, што е исклучиво работа на професионалната новинарска заедница.
Истовремено, апелираме до новинарите и медиумските работници да се придржуваат до кодексот на новинари и до професионалните и етички стандарди и при објавување на содржини за евентуална злоупотреба на јавни фондови внимателно да ги земат во предвид сите кредибилни извори на информации“, вела од новинарските здруженија.