
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден продолжија засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-Само на територијата на општина Шуто Оризари изречени се вкупно 97 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 27 лица, 24 технички неисправни и нерегистрирани возила…, соопшти МВР, додавајќи дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.