
На 13.10.2020 во 02.00 часот било пријавено дека на улица Војвода Васил Чакаларов во Скопје, патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(29) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во канделабра.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.А.(27) од Скопје, констатирани во Комплекс клинки „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен би увид на местото на нeзгодата од увидна екипа од СВР Скопје.