
Индија забележа 55.342 новозаболени од коронавирус во последните 24 часа, што е најмалку од половината на август.
Министерството за здравство потврдило дека во земјата заболени се вкупно над 7,17 милиони луѓе.
Од Ковид-19 починале вкупно 109.856 лица, а во последните 24 часа регистрирани се 706 смртни случаи.
Најголем број на заболени во еден ден е регистриран во средината на септември кога за 24 часа забележани се 97.000 случаи.