
Четириесет и четири лица починале минатата недела во Турција по конзумирањето на лажни алкохолни пијалоци. Како што пренесуваат турските медиуми, уапсени се 58 лица кои го произведувале алкохолот.
Првиот смртен случај бил забележан во петокот во Измир, каде починаа вкупно 18 лица, а останатите смртни случаи се забележани во седум турски провинции.
Министерството за внатрешни работи на Турција соопштило дека полицијата се сомневала дека дел од уапсените лица користеле средства за чистење на база на алкохол за произведување на алкохолни пијалоиц.
Продажбата на домашен алкохол и криумчењето во Турција се во нагол пораст откако се покачи таксата на алкохолните пијалоци, што доведе до поскапување на сите алкохоли, а кај дел од нив цената е зголемена и за 440 отсто.