
Од 4:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Р1105 во правец Валандово – с.Удово, кај м.в. Калковска река атар на с. Јосифово е во прекин, информира АМСМ.
Прекинот е поради поголема количина на вода и песок на коловозот.
Сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат Р-1401 Валандово – с. Марвинци и магистралниот пат А1 с. Удово – с. Марвинци.