Филипче: На сите пациенти што ќе дојдат можеме да им пружиме третман

Можеме апсолутно сите пациенти во целокупниот период кој е пред нас да ги изменаџираме со третман во јавно здравстените установи. Имаме конкретен план не само за скопските инфективни одделенија, туку и за сите болнички инфективни одделенија во државата, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Приватните болници уште на почетокот на кризата можат да хоспитализираат заболени од ковид-19 само доколку за време на лекувањето на пациенти кои редовно ги лекуваат им се констатира присуство на коронавирусот и тоа во одделенија за интензивна нега. Тоа беше тогаш дозволено за да може да се менаџира – додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на производствениот капацитет на првата македонска компанија лиценцирана за одгледување канабис за медицински цели „НЈСК Холдинг“.

МИА