
Медицинските лица кои ги спроведуваат епидемиолошкие анекти утврдуваат дали лицето кое има контакт со забоелен од ковид-19 е од низок, среден или висок ризик и дали ќе добие решение за изолација, изјави претседателската на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска во врска со случаи кога деца наместо родителите добиваат решенија за изолација.
– Имаме податок во училишта за четири лица кои се позитивни и 59 контакти кои се ставени во изолација. За тоа кој ќе оди во изолација е оставено на одлука на медицинските лица кои ги спроведуваат анкетите. Зошто и колку од лицата се ставени во изолација, тоа е врз основа на спроведените анкети и дека одредени лица кои се во среден и восок ризик се во изолација, а оние со низок ризик не се ставаат во изолација – рече Филиповска-Грашкоска.
Таа рече дека целосна информација за тоа треба да даде Санитарниот инспекторат.