
Глумицата Кончата Ферел, позната по улогата на домашната помошничка Берта во серијата „Два и пол мажи“, почина вчера на 78-годишна возраст. Смртта настапи поради компликации по срцевата слабост што ја претрпе.
Саркастичната Берта беше еден од омилените ликови на обожавателите на серијата, а долгогодишниот главен глумец поврзан со приказната, Чарли Шин, исто така, емотивно се прости од неа.
– Таа беше крајно мила, вистински професионалец и искрена пријателка, и ова е шокантна и болна загуба. Берта, твојата грижа за куќата беше сомнителна, но грижата за луѓето беше совршена – напиша Шин на Твитер.
Кончата почина опкружена со своето семејство во болницата Шерман Оукс во истоимената месност во Лос Анџелес, Калифорнија, САД.
Таа е номинирана три пати за Еми награда за глума.