
Натпреварот од 1. коло од групната фаза од Лигата на шампионите Пари Сен-Жермен – Манчестер јунајтед ќе се одржи без публика. Средбата е закажана за вторник, 20 октомври.
Вчера францускиот претседател Емануел Макрон воведе полициски час во регионот Ил-де Франс во кој влегува и Париз. Се забранува излегување на улица од 21 до 6 часот, како и посета на стадионите.
Претходно, УЕФА дозволи присуство на одреден број гледачи на стадионите доколку согласност дадат локалните власти.