МВР со детали за сообраќајката на Рузвелтова во која загина млад доктор

Министерството за внатрешни работи денес соопшти официјални информации за сообраќајната несреќа која се случи вчера, а во која животот го загуби младиот доктор Трајче Нешковски.

Според информациите, полицијата добила пријава околу 16:45 часот дека на улицата „Франклин Рузвелт“  се случила собраќајна незгода меѓу „ситроен“, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 31-годишниот Т.Н. од Гостивар и „опел“, со струмички регистарски ознаки управуван од 34-годишниот Г.К. од стримичкото село Просениково.

„Т.Н. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен на Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, каде што починал. Со телесни повреди се здобила Г.К., констатирани во Градската општа болница ‘8-ми Септември’“, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.

Дел од медиумите повикувајќи се на болнички извори вчера објавија дека починатиот Нешковски доживеал срцев удар пред несреќата додека управувал со возилото.

Доктор Нешковски бил пулмолог и работел во ковид-центарот во Козле.