
Катија Авеиро, сестрата на Кристијано Роналдо, со една објава на социјалните мрежи преидзвика бурни реакции во цел свет.
Фудбалскиот сојуз на Порутгалија во вторникот објави дека најголемата ѕвезда на тимот е позитивна на ковид-19. Роналдо се чувствува добро, нема никакви симптоми и се наоѓа во самоизолација.
Кога дозна дека нејзиниот брат е заразен, Катија на Инстаграм испрати порака до јавноста.
„Ако Роналдо мора да го разбуди светот, тогаш тоа е од Бог. Му благодарам за тоа! Затоа што илјадници луѓе ќе прогледаат и ќе мислат за тестовите, вирусот и останатото како и јас… Дека е најголема измама која сме ја виделе“, порача сестрата на Роналдо.