Уапсен Албанец на „Табановце“, користел туѓ пасош

Албански државјанин бил уапсен на граничниот премин „Табановце“, информира МВР.

-Вчера во 12:30 часот на граничниот премин „Табановце“ бил приведен В.О.(31) од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение дека употребил туѓа патна исправа. После тоа, полициски службеници извршиле личен и преглед на личниот багаж, при што пронашле бела прашката материја. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка – соопшти МВР.