
Бидејќи момчето знаело дека фосилите се заштитени со закон, па веднаш го известиле надлежниот музеј.
Стручњаците потоа откриле меѓу 30 и 50 коски кои му припаѓале на млад хадросаур, за кој се проценува дека бил стар околу три или четири години.
– Порано, како и на повеќето деца, и мене омилен диносаурус ми беше тираносаурус-рекс. Но, сега го обожавам хадросаурусот, рече Нејтан додавајќи дека едвај чека да го види неговото откритие во музејот.
Оттаму пак, велат дека фосилот, стар околу 69 милиони години, е многу редок наод. (МИА)
https://www.youtube.com/watch?v=zEiIGWFCYnw&feature=emb_logo