
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден на повеќе локации во земјата бил спречен илегален влез на 252 мигранти.
– Полициски службеници од повеќе организациски единици на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, во рамки на оперативната акција „Рефлекс“ спречија влез на 252 лица-мигранти долж граничната линија со Грција, Бугарија и Србија и внатре, на територија на Република Северна Македонија – стои во соопштението од МВР.
Покрај, тоа, како што информираа од министерството дека во текот на вчерашниот ден беше сузбиена 12-члена организирана криминална група за криумчарење на мигранти.
– МВР и во наредниот период продолжува со мерки и активности за спречување на илегален влез на териоторијата на Република Северна Македонија – стои во соопштението.