
Премиерот Зоран Заев преку статус на социјалните мрежи во неделата уверува дека пописот на населението предвиден за оваа година бил одложен поради барањето на опозицијата и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски.
„Пописот го одложивме бидејќи Мицкоски и опозицијата бараа да биде одложен неколку месеци пред пандемијата и го направивме тоа“, вели Заев во изјавата споделена на неговиот фејсбук-профил.
Според него, пописот и резултатите никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор, или слично.
Одговорност да се излезе на попис има секој граѓанин, смета премиерот.
„Пописот треба да се спроведе заради рамномерниот развој, економските параметри, статистиките кои ни требаат во државата. Има правила Евростат и треба да ги почитуваме до крај. Април 2021 е месецот за спроведување на пописот“, истакнува Заев.