
Министерството за здравство информира дека за раководител на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ назначен е д-р Далип Јахја од ЈЗУ Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).
Клиниката за ортопедија остана без раководител, откако шефот на болницата, Доц.др. Виктор Камнар утрово си поднесе оставка на функцијата. Камнар оставката ја поднел поради лични причини.