
Напис на германски протестантски свештеник кој смета дека треба да се дозволи давењето на мигрантите кои се обидуваат преку Средоземното Море да влезат во Европа, предизвика во вторникот критики од верските челници.
Матијас Дрехер од протестантската црква во баварскиот град Нирнберг во написот тврди дека мигрантите намерно го ризикуваат своите животи за да ја остварат желбата за подобар живот. Сепак, тоа не ги обврзува христијаните да им помогнат, напиша Дрехер.
„Во смисла на доктрината на двете кралства, која оперативната политика ѝ ја препушта на државата, христијанинот смее да им дозволи на мигрантите да се удават доколку ја пренабрегнуваат својата одговорност сѐ додека не види лице кое умира пред себе, како Самарјанинот“, пишува протестантскиот свештеник.
На написот реагираше баварскиот бискуп Бедфорд Строхм.
„Неговиот аргумент се темели на тврдењето дека спасувачите на море се причина затоа што луѓето ги ризикуваат животите минувајќи го Средоземјето. Неговото тврдење е негирано“, изјави Строхм.
Портпаролот на протестантската црква изјавил дека Дрехер, кој одбил да го коментира својот напис, ќе биде повикан на состанок со неговите надредени.