Стојаноска: Владејачката партија со барањето онлајн седниците повторно ја злоупотребува сериозната состојба со коронавирусот

Со барањето за одржување на собраниските седници онлајн, владејачката партија по којзнае којпат ја злоупотребува сериозната состојба со коронависрусот, изјави Дафина Стојаноска, заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во своето утринско гостување во емисијата на телевизија за Алфа.

„Неколкупати имав можност да кажам дека нивната цел е да предлогот за онлајн седници набрзина да се прогура и основната поента им е да стои дека присуството не е задолжително, а за жал ја злоупотребуваат и овој пат сериозната состојба со корона вирусот, зошто? Затоа што имаат тенко мнозинство, тоа е факт и тоа им е најголемиот проблем и еве сега ќе речат знаете може да се случи секој од нас да се зарази зошто ние не сме во Собранието затворени како група, туку  секој од нас кога ќе завршат седниците во парламентот си заминува дома“, рече Стојаноска.

Според неа нејасно е како ќе биде формулирана ваквата иницијатива, бидејќи многу е можно и пратеник кој е позитивен на коронавирусот да биде хоспитализиран, па прашање е како во таквата состојба би учествувал во работата на парламентот.

„Нивната затскриена цел е прво како ќе го формулираме тоа, зошто имаме неколку стадиуми на луѓе што се зафатени со коронавирусот, имаме луѓе кои мора да бидат во самоизолација зошто со некој нивен близок биле во контакт со лице кое е позитивно, имаме луѓе кои се позитивни  но се на домашно лекување и такви позитивни кои се на болничко лекување и сега како ние ќе разграничиме еден пратеник доколку стигне да биде позитивен, а се наоѓа на Клиника за инфективни болести и е на апарати. Зарем мислат колегите дека еден таков случај може да учествува преку видео обраќање и како тој во таква состојба би придонел за работа“, потенцираше Стојаноска,