13.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Тошевски: Духот на македонштината никогаш нема да можат да го срушат

Протестот е против мафијата која што сака да ги уништи нашите животи и иднината на нашите потомства, порача од вечерашниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ, Иванчо Тошевски од Битола.

„Мафијата сака уништена правна држава, угнетен и исплашен народ со срушено достоинство кој ќе моли за милостиња и корка леб кај истите тие кои распродадоа се што ни е свето – Македонија, Гоце, Даме, Питу, Карев, Сандански, Ѓорче Петров, Мисирков.

Само духот на МАКЕДОНШТИНАТА никогаш нема да можат да го срушат, тоа секогаш ќе живее во сите нас и во генерациите кои идат. МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНОСТ! МАКЕДОНИЈА Е БЕСКОНЕЧНОСТ, порача тој.