10.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

ВО ЖИВО: ВМРО-ДПМНЕ протестира против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ денеска со почеток од 18:30 часот организира протести со возила во седум градови против, како што велат од партијата, криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот.

Од партијата ги повикуваат сите граѓани да им се приклучат на протестите.

Протестот во Скопје ќе започне од СЦ Јане Сандански, па се до Владата на Република Македонија.

Инаку во исто време најавени се и протести во општините Велес, Охрид, Куманово, Прилеп, Штип, Битола.