Заев: Бугарија не бара промена на Уставот

Премиерот Зоран Заев во изјава по меѓународната научна конференција за македонскиот јазик изјави дека Бугарија не барала промена на Уставот.

– Бугарија не бара промена на уставот и сметам дека нема потреба од промена на договорот со Бугарија, изјави Заев на новинарско прашање, истакнувајќи дека актуелниот договор за добрососедство со Бугарија е добар.

Премиерот потоа истакна дека на денешната владина седница ќе се побара оставка од директорката Лидија Димова, која беше вмешана во скандал со злоупотреба на европски пари.