
Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на ТВ Телма, вели дека критиките на опозицијата за справување на власта со корона кризата се оправдани укажувајќи дека се уште не се набавени ниту вакцини за сезонскиот грип, како и дека според новите епидемиолошки анкети не се води евиденција за нови кластери и дека јавното здравство иако имал период од неколку месеци летниот период да се при преми не го сторило тоа.
„Она што ВМРО-ДПМНЕ го има како забелешка се темели на неколку фактори. Прво се уште немаме набавено вакцини за редовниот грип, тие во државата се набавуваат 10 години наназад во количина отприлика 100.000 во период од септември месец. Ние се уште немаме ниту една вакцина за редовниот грип. Второ, епидемиолошки анкети поврзани со ковидот веќе не се спроведуваат. Веќе не се води евиденција за кластер. Веќе никој на никому не се јавува за да направи проценка“, рече Димовски.
Додаде дека власта не ги заврши скрининзите во образованието, како и дека сѐ уште граѓаните тешко можат да закажат тестирање на коронавирусот.
„Трета работа, значи летото се најавува скрининзи посебно во делот на образованието. Нема ништо од тоа, нула скрининзи. Четврта работа тешко е да се закаже тест, над 50 проценти секој ден од тестовите не се случуваат во јавното здравство. Видете ги бројките некаде околу 60 проценти од тестовите се случуваат во приватното здравство. Тоа дава одговор на некаков начин дека јавното здравство иако имаше период од неколку месеци летниот период да се при преми за сите овие аспекти кои што ги зборувам не се при преми и тука овие критики никој не смее да ги сфаќа од партиска позиција“.