
Европратениот Андреј Ковачев во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 вели дека 11-ти Октомври треба да го одбележуваме на друг ден.
„Да се обединиме како најблиски народи. Пред малку ви кажав мојата изјава е за разбирање, добрососедство, дека вие имате право како сакате да се самоидентификувате и право на јазик кој сакате да го зборувате. Со тоа е пружена рака кон вас. Вие сега сакате да дебатираме за 11-ти октомври. Ве прашувам што се случило на 11 октомври“, запраша Ковачев.
„Вие сакате да кажете дека на 11-ти октомври започнала борбата со фашизмот со убиството кое се случило во Прилеп. Тоа е големата разлика и интерпретацијата која вие ја правите. Фашизмот е негативен и треба да има јасна антифашистичка борба, антинационал-социјалистичка како и антикомунистичка, тогаш мислам дека ќе е апсолутно јасно“, вели Ковачев.