Бекер обвинет дека не ги вратил трофеите освоени во Вимблдон и Австралија

Легендарниот германски тенисер, сега 52-годишниот Борис Бекер, изјави во четвртокот пред судот во Лондон дека не се чувствува виновен за обвинувањата дека не ги вратил трофеите освоени на грен-слем турнирот Вимблдон кои требаше да ги продаде за да ги исплати своите долгови.

Поранешниот тенисер, кој во јуни 2017 година прогласи банкрот, исто така, е обвинет дека не ја исполнил обврската за откривање информации.

Бекер изјави дека не се чувствува виновен по ниту една точка од обвинението, кое го изнесе Службата за несолвентност.

Според обвинението, тој не го вратил трофејот освоен во Вимблдон во 1985 година, кога со 17 години стана најмладиот освојувач на овој турнир. Шесткратниот освојувач на грен-слем турнирите и поранешен светски рекет број 1, исто така, е обвинет дека го сокрил трофеот освоен во Вимблдон во 1989 година, како и два трофеа освоени на Отвореното првенство на Австралија во 1991 и во 1996 година.

Судењето на Борис Бекер е планирано за септември 2021 година.

Претходно во четвртокот Векер на својот Instagram профил ја објави реченицата: „Она што нѐ дефинира е како се издигнуваме откако ќе паднеме“.

Бекер трипати го освојуваше Вимблдон, а кариерата ја заврши со 49 освоени турнирски титули. Беше првиот Германец кој славеше на Вимблдон, и прв тенисер кој не бил носител а ја освоил титулата.