
Вкупно хоспитализирани од ковид-19 во цела држава има околу 500 пациенти. Само на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 108 лица, од кои дури 80 се на кислородна поддршка.
На Инфективна нема пациенти на респиратор, но има петмина во ГОБ „8 Септември“ каде од корона вирусот се лекуваат 47 пациенти. Болничките капацитети забрзано се полнат, а од вчера почнаа да се примаат пациенти и во модуларната болница сместена до Инфективна. Таму се хоспитализирани дваесттина лица. Од останатите болници, во Козле хоспитализирани се четири деца и шест мајки. Во болницата во Битола се 52, а во болницата во Штип 50 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци, пак, се хоспитализирани 214, позитивни и сомнителни на Ковид-19. Вчера беше забележан и рекорден број на заразени, дури 641 од 2688 тестирања. Починаа 12 лица, а беа регистрирани и 233 оздравени пациенти.
Министерот за здравство Венко Филипче предупреди дека ако се исполнат и предвидените болнички резервни капацитети, ќе следи полициски час.
– Болничките капацитети забрзано се исполнуваат. Се исполнија некои инфективни одделенија во државата. Пациенти се сместени и во модуларната болница кај Инфективната клиника. Болничките капацитети се еден од главните параметри. Ако оцениме дека овие капацитети кои се димензионирани да бидат резерва се исполнуваат тогаш дефинитивно ќе препорачаме целосна рестрикција во движењето, односно полициски час – изјави Филипче и апелира до пратениците што поскоро да се изгласаат измените во Законот за заштита на населението од заразни болести со што ќе се овозможи воведување нови мерки за заштита од ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 24.836, оздравени се 17.905, а починаа 862.
Во моментов бројот на активни случаи изнесува 6069 и нема град без ковид позитивни. Најмногу активни се во Скопје 2983, во Струмица 369, Тетово 314, Куманово 252, Прилеп 237, Кочани 181, Битола 152, Гевгелија 150, Делчево 118, Охрид 116, Велес 113, Гостивар 111 и Кавадарци 102.
Во другите градови бројот на активние под 100