
Самостојниот синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија (ССЕРИ) ја доби битката со раководството на државната ЕСМ за слободно синдикално организирање.
Апелацискиот суд во Скопје му наложи на АД ЕЛЕМ-ЕСМ да овозможи слобода во синдикалното организирање и да престани да се меша во синдикалното уредување.
– Оваа пресуда претставува уште една потврда на нашите укажувања дека работодавачот постапува спротивно на Законот за работни односи и колективните договори со што дирекно вршеше упад во синдикалното уредување и здружување – велат од ССЕРИ.