
На 22.10.2020 во 20,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар кај с.Велешта се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл управуван од А.Ш.(21) од с.Октиси-струшко и патничко моторно возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(26) од с.Октиси-струшко, информира МВР.
Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата “Св.Еразмо“-Охрид, а сопатникот- малолетник од с.Октиси се здобил со телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Струга.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.