
Владата на Шпанија денеска прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро.
Со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, Советот на министри, предводен од премиерот Педро Санчез, донесе одлука за воведување втора вонредна состојба во земјата од почетокот на годината.
Првата траеше од март до јуни, а втората може да трае до април 2021 година.
Минатата недела Шпанија стана првата земја во Европа и шеста во светот што регистрираше еден милион случаи на инфекција со Ковид-19.