5.8 C
Skopje
недела, март 2, 2025

НАСА потврди дека на Месечината дефинитивно има вода

Американската вселенска агенција НАСА денеска потврди дека на Месечината има вода, пренесуваат светските агенции.

-По првпат потврдивме присуство на вода на страната на Месечината осветлена од Сонцето, со помош на телескопот ‘Софија’ (@SOFIAtelescope), напиша на „Твитер“ шефот на НАСА, Џим Брајденстин.

Во неговиот твит се наведува дека допрва треба да се испита дали водата на Месечината може да се користи како ресурс, но дека сознанието за нејзиното присуство на земјиниот стателит е клучно за плановите на вселенската агенција.