
Во понеделникот полициски службеници од ЕВР ОКР Гази Баба го лишија од слобода 27-годишниот Е.И. од Скопје поради извршено кривично дело разбојништво, откако тој претходниот ден извршл разбојништво
Инцидентот се случил улицата „Вера Радосавњевиќ“, во близина на железничката станица, кога со закана со остар предмет извршил разбојништво над М.Д. и му одзел мобилен телефон, паричник и торбичка.
Веднаш по пријавувањето на случајот се преземени соодветни мерки и активности и сторителот е пронајден и приведен, а пронајдени се и одземените предмети.
По документирање на случајот ќе биде поднесена содветна пријава до надлежното обвинителство.