Шестмина позитивни на коронавирусот се обиделе да избегаат од Македонија, запрени на аеродром

Шест лица позитивни на новиот коронавирус се обиделе да заминат од Македонија преку аеродромот во Скопје, каде во обидот биле спречени од царинските службеници.

Царинската управа соопшти дека спречиле обид на шестмина патнии кои во текот на минатата недела и покрај тоа што имале решенија за изолација сакале да патуваат.

Патниците се евидентирани во системот РАВИО на Царинската управа кој се користи за автоматско следење и стопирање на лица кои се обидуваат да излезат преку аеродромите од државата и истите имаат активно решение за изолација издадено од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат – ДСЗИ, велат од царина.

Системот за контрола на патници-РАВИО е директно поврзан со Регистарот на EXIM на лица позитивни на ковид-19 за кој се одговорни службите од ДСЗИ при што по добиената нотификација овие лица се спречени да ја напуштат земјата и се ставени во изолација според здравствените протоколи.