(ВИДЕО и ФОТО) Насилствата се разгоруваат во Филаделфија по полициско убиство на црнец

Градот Филаделфија, во американската сојузна држава Пенсилванија, ноќта кон вторникот по локално време беше сцена на протести и судири со полицијата во која десетици нејзини припадници се повредени, по смртта на црнец застрелан од припадници на силите за воспоставување ред.

Насилствата избувнаа откако на социјалните мрежи беше објавена снимка за која се тврди дека покажува оти 27-годишниот Волтер Волас помладиот во понеделникот попладнето во квартот Западна Филаделфија е убиен од двајца полицајци кои истрелале неколку куршуми во него иако наводно не им се заканувала непосредна опасност.

„Ја видов сминмата на овој траничен инцидент кој поставува тешки прашања на кои треба да се одговори“, изјави градоначалникот на Филаделфија, Џим Кени.

Полицајците излегле на терен по повикот во кој е јавено дека маж има нож Волас и покрај повиците на полицајците одбивал да го фрли ножот, соопшти Ерик Грип, портпарол на полицијата на Филаделфија.

Неколку часа по инцидентот, околу триста демонстранти излегле на улицата за да изразат незадоволство поради „полициско насилство и расизам“, при што се судриле со полицијата.

Триесетина полициски службеници се повредени, а неколкумина се примени во болниците, одговориле од филаделфиската полиција за AFP.

Повеќето повреди се здобиени од предметите фрлани врз нив, во прв исечениц а на една полицајка налетал автомобил на демонстрант, соопштил полицискиот портпарол.

Покрај протестите, биле нападнати и ограбувани продавници, полициско возило е запалено и поголем број се уапсени, соопштија градските власти.

Бранот антираристички протести кои беа проследени со насилства, ограбувања и убиства ги зафати САД по полициското убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд кон крајот на мај.